Фудбалскиот тим на Борусија Дортмунд моќно ја стартуваше новата сезона во Бундеслигата, откако денеска со 5-1 го демолираа тимот на Аугсбург, иако по само 30 секунди противникот им даде гол.

Пако Алкасер брзо израмни во четвртата минута,а  во вториот дел, ураганот на „Сигма Идуна Парк“ го разнесе Аугсбург. За осум минути Борусија даде три гола од 51-та до 59-та минута, преку Џејдон Санчо, Марко Ројс и Алкасер со втор гол, а осум минути пред крајот Жулијан Бранд го даде и петтиот гол.

Баер Леверкузен со 3-2 го победи Падерборн, Фрајбург со 3-0 беше убедлив против Мајнц, а Фортуна Диселдорф како гостин славеше со 3-1 кај Вердер.

Келн за кого настапи Дарко Чурлинов загуби од Волфсбург со 2-1. Вчера да подсетиме шампионот Баерн Минхен се лизна на стартот откако ремизираше 2-2 против Херта.