Откако Солскјер одлучи дека Манчестер Јунајтед нема повеќе да се бори со конкуренцијата за купувањето на Санчо од Борусија Дортмунд, „Милионерите“ испратија порака до сите заинтересирани.

За Санчо бараат 115 милиони евра, веднаш без одложено плаќање или обрзувачки клаузули. Ова е порака до Ливерпул, Реал Мадрид, ПСЖ и Челси кои сеуште се заинтересирани за купување на младиот напаѓач.

Според германските медиуми, големи се шансите Санчо да остане во Дортмунд најмалку уште една година со оглед на тоа како се развива трансфер пазарот во ова корона-време.