Звездата на Борусија Дортмунд, Џејдон Санчо, ќе остане во германскиот бундеслигаш и во следната сезона.

Потврда за ова стигна од спортскиот директор на „милионерите“ Михаел Цорк.

Со тоа, сагата околу евентуалниот трансфер на крилниот напаѓач на германскиот прволигаш во Манчестер јунајтед официјално заврши.

Со недели наназад се шпекулираше дека Санчо од следната сезона ќе го облече дресот на „црвените ѓаволи“, но трансферот пропадна поради високата откупна цена која ја бараше Борусија Дортмунд од 125 милиони евра.

„Санчо е во нашите планови. Тој ќе игра за нас и во следната сезона. Одлуката е конечна“ , изјави Цорк за швајцарските медиуми.