Управата на Борусија Дортмунд е подготвена за радикални чекори во однос на составот за следната сезона.

Германски „Билд“ пренесува дека Џејдон Санчо, Џио Рејна и Рафаел Гуереро се ставени на продажба но не и Ерлинг Халанд.

Тимот предводен од Един Терзиќ има проблеми со формата во последно време а дел од првотимците се демотивирани поради играта на дел до ѕвездите.

Триото кое е на продажба се очекува на Борусија Дортмунд да му донесе околу 200 милиони евра, сума која треба да е доволна за ангажман на нови фудбалери во летниот преоден рок.