Борусија Дортмунд уште од сега ја најде замената за 19-годишниот Џејдон Санчо, кој најверојатно ќе го напушти клубот во летниот преоден рок.

Како што пишува Goal.com, Борусија замената ја најде во 22-годишното крило на Бриж, Емануел Денис, кој ќе ги чини Германците 25 милиони евра.

Денис во тековната сезона настапи на 30 натпревари на Бриж во сите натпреварувања и има ефект од 8 гола и 2 асистенции.

Интересно, специјализираниот портал Transfermarkt.com го цени Нигериецот двојно поефтино, односно 12 милиони евра.