Борусија Дортмунд баш нема среќа, бидејќи за само еден натпревар најверојатно ќе остане без 5 милиони евра за оваа сезона. Имено, поради повредата на Усман Дембеле, Борусија ќе остане без предвидениот бонус од 5 милиони евра.

Таков бонус беше предвиден во договорот при трансферот на Дембеле во Барселона, според кој овој бонус и следи на Борусија ако Дембеле одигра 75 средби за Барселона.

За жал на Германците, Дембеле одигра точно 74 средби и најверојатно до крајот на сезоната не ќе може да се врати на терен.

Инаку, Борусија доби по 5 милиони евра, откако Дембеле одигра 25 и 50 средби за каталонскиот гигант.

Дембеле дојде во Барселона од Борусија во 2017 година, за цена од 105 милиони евра и 40 милиони евра можни бонуси.