Ако Ерлинг Халанд ја напушти Борусија Дортмунд ова лето, неговата замена ќе пристигне од Ла Лига, пренесува Скај Германија.

Норвежанецот се поврзува со трансфер во Реал Мадрид а постои можност и за понуда од двата клуба од Манчестер.

Во договорот на Халанд со „Милионерите“ има откупна клаузула од 74 милиони евра, нешто што може да си го дозволат повеќе тимови од Европа.

Борусија Дортмунд во случај Халанд да побара трансфер веднаш ќе испрати понуда до Реал Сосиедад за Александар Исак во вредност од 40 милиони евра.

Исак важи за еден од најперспективните млади напаѓачи во Европа и на трансфер пазарот вреди околу 45 милиони евра.