Мечот од групната фаза во ЛШ помеѓу Борисија Менхенгладбах и Реал Мадрид ќе се одигра вечерва пред празни трибини, иако домаќините регистрираа над  10.000 продадени билети.

Бундеслигашот првично пушти во продажба 10.804 билети, што претставува 20 отсто од вкупниот капацитет на Борусија Парк.

Поради наглото влошување на состојбата во Германија со коронавирусот, Борусија М дополнително доби дозвола за само 300 гледачи, но согласно последната одлука на локалните здравствени власти мечот вечерва дефинитивно ќе се игра без публика.