Босна и Херцеговина на 8 октомври ќе ја пречека Северна Ирска во полуфиналниот бараж за пласман на Европското првенство пред публика на „Грбавица“ во Сараево.

Веста која попладнево експресно се прошири низ медиумите во регионот ја јави порталот Клик.ба повикувајќи се на свои извори во федералното Министерство за здравство.

Според истиот извор, здравствените власти во Сараево дале „зелено светло“ за ограничен број на гледачи на мечот против Ирците.

Капацитетот на „Грбавица“ е 10.000 седишта, а влезници за полуфуналето против Северна Ирска ќе можат да купат 1.500 гледачи.

Протоколот на ФИФА предвидува редуциран број на гледачи до 30 отсто од капацитетот на стадионот, но босанските власти  се одлучија на помалку ризична варијанта, но, сепак,  одлуката ги воодушеви локалните навивачи.

На 8 октомври својот полуфинален натпревар за пласман на ЕП го игра и Македонија против Косово на Арената „Тодор Проески“ која ќе биде затворена за публика.