Вележ оствари сензација со елиминацијата на АЕК во второто квалификациско коло од Конференциската лига.

Во реваншот од второ коло загуби кај АЕК со 1:0, но помина по пеналите. Во првиот меч кој се играше во Сараево тие победија со 2:1. Имаа голема шанса да минат и по 90 минути игра, но тогаш судијата го продолжи мечот за девет, а голот за 1:0 Манталос го постигна на самиот крај и така донесе продолженија.

Меѓутоа, Вележ со 3:2 на пенали успеа да ја премине атинската пречка. Јунак на сензацијата беше голманот Славиша Богдановиќ, кој одбрани два пенали и така на Вележ му ја донесе една од најголемите победи во историјата.

Мостарскиот клуб европски настап чекаше 33 години, а пред нешто повеќе од две години игра во втората лига во БиХ. Синоќа го исфрлија апсолутниот фаворит и еден од најголемите грчки клубови. Во третото квалификациско колот ќе играат против шведски Елфсборг.

Сензацијата не е само за Вележ, туку и фудбалот во БиХ, а во делириум тоа го прослави и телевизискиот коментатор Марјан Мијаиловиќ.

„Јоооој! Па луѓе, па луѓе, па Вележ, па Вележ оди понатаму! Па Славиша, требински кралу, кралу на Херцеговина! Излезете мостарци на улиците, Херцеговци, Босанци, нашиот Вележ оди понатаму! Благодарам на господарот на световите, ова е правда!“- воодушевено викаше Мијаиловиќ со малку засипнат глас.