Скопски Работнички е најактивен на трансфер пазарот оваа лето од екипите кои се натпреваруваат во ПМФЛ.

Управата на оваа екипа денеска го официјализира трансферот и на српскиот напаѓач Бошко Паповиќ.

Станува збор 22-годишен фудбалер кој поголемиот дел од кариерата го помина во младинскиот погон на српска Војводина.

Паповиќ денеска го потпиша со скопскиот тим, по што му се стави на располагање на стручниот штаб и тренерот Влахо кои ќе продолжат со подготовки во Банско.