Македонија Ѓорче Петров утре ќе истрча на теренот на Алашјерт во Ерменија со желба за позитивен резултат во воведната пресметка од первото коло од квалификациите за пласман во групната фаза од Лига Европа.

Најискусниот во редовите на „лавовите“ и капитен на екипата од Ѓорче уверува дека се освен пораз е позитивен резултат од соочувањето со Алашкерт.

“Екипата на Алашкерт е благ фаворит на хартија, но ние ќе покажеме дека на терен тоа не значи ништо. Овој натпревар можеби и нема да има многу фудбалска убавина, туку напротив, силна борба на секој дел од теренот. Се надевам дека ние ќе излеземе како победници од таа борба и ќе извлечеме позитивен резултат во првите 90 минути од овој двомеч, а тоа би значело се’ освен пораз!” – изјави Боби Божиновски за клупската ФБ страна.

Натпреварот во Ереван меѓу Алашкерт и Македонија ЃП е закажан за утре во попладневниот теремин од 17 часот.