Поранешниот директор на Барселона, Ариедо Браида ги коментираше случувањата во и околу Барселона и навести дека Меси има реални шанси да го напушти клубот каде што се прослави.

Во изминатиот период единствена опција на Меси за трансфер се споменуваше Манчестер Сити, каде е менаџер Пеп Гвардиола, но Браида напомена дека во иднина Аргентинецот може да заигра во ист дрес со   вечниот ривал  Кристијано Роналдо.

„Меси е извонреден играч, тој и даде се на Барселона. Тука живее неговото семејство од неговата 13. година. Не е реално да ја напушти Каталонија, но не е и невозможно. Сметам дека тој може во следните години да направи трансфер во МЛС лигата во тимот на Бекам, Интер Мајами, во кој и Кристијано Роналдо по „приказната“ во Јувентус напомена дека може да се пресели на другата страна од Атлантикот“-изјави Браида.