Поранешниот спортски директор на Милан, Ариедо Браида ги отфрили гласините дека преговара со „Росоњерите“, иако навести дека е отворен да се врати во фудбалот.за враќање. „Но, тие знаат каде да ме најдат“.

73-годишниот поранешен фудбалер минатото лето беше дел од раководството на Барселона, а од тогаш е без ангажман, иако тврди дека сеуште има што да му понуди на фудбалот.

„Фудбалот е мојот живот, јас отсекогаш сум живеел за фудбал. Јас сум без работа веќе неколку месеци, што е премногу за мене. Мислам дека имам што да понудам уште на овој свет. Имам големо искуство на различни нивоа. Не сум во контакт со Милан, но ако им требам би се вратил во фудбалот“-изјави Браида.

Браида на местото спортски директор во Милан беше цели 27 години од периодот меѓу 1986 и 2013 година.