Пред нешто помалку од два месеци целиот свет зборуваше за Кристијан Ериксен, но за жал не поради неговите одлични фудбалски вешти, туку поради трагедијата која ја избегна.

Данскиот репрезентативец предизвика шок и неверување фудбалскиот свет кога се сруши на теренот, по што му беше вграден електронски уред, кој може да му го спаси животот во случај на нови срцеви проблеми. Поради тој уред не може да настапува во Интер и другите клубови во Италија, каде е забрането спортистите да имаат дефибрилатор во себе.

Времето минуваше моментот кога Ериксен се сруши, а лекарите го оживуваа на теренот, беше мачно за гледање за љубетелите на фудбалот крај малите екрани, но уште повеќе за оние кои беа на теренот. Меѓу нив беше и соиграчот на Ериксен, Мартин Брајтвајт, кој својата приказна ја раскажа во документарецот за споменатиот момент.

„Имаше еден момент кога го погледнав Ериксен и тој беше мртов. Кога ќе погледнеш мртво тело, немаш сомнеж. Знаеш одма дека некој е мртов, тоа е јасно. Тоа јас го видов. Почнав да се молам. Во тој момент почувствував дека единствено што мжам да направам е да се свртам кон Бог“– кажа данскиот напаѓач.