Братот на Марио Балотели, Енох Барваух ги демантираше натписите во медиумите ширум Италија, дека фудбалерот на Бреша е во лоши односи со клубот и дека заминал од тренинг центарот на калчолигашот.
Тој застана во одбрана на својот брат, велејќи дека новинарите пишуваат само глупости и невистини.
„Сето тоа се глупост, не разбирам зошто новинарите пишуваат одредени работи. Марио тренира како професионалец секој ден. Не сакам да зборувам за него, но тој е тука и тој редовно тренираше денес“-изјави неговиот брат, кој впрочем е и негов менаџер.
Балотели утринава беше во центарот на спортската јавност, откако беше објавено дека тој заминува од Бреша и „среќата“ ќе ја бара во Бразил.
Comments are closed for this post.