Фудбалерот на Тотенхем Серж Орие, минува низ најтешките мигови во својот живот, откако утринава беше убиен неговиот брат Кристофер во Тулуз.

Француските медиуми пренесуваат дека напаѓачот испукал неколку куршуми во 26-годишниот Орие, а потоа побегнал во непознат правец. Полицијата е во потрага на убиецот.

Кристофер, исто така беше фудбалер и настапуваше низ повеќе клубови во Франција и Белгија. Надвор од терените беше познат како проблематичен човек, откако пред две години беше уапсен поради обид да ограби проститутка.