Пред натпреварот кој треба да го одиграат вечерва во рамки на Копа Америка, перуанските медиуми објавија информација за наводно „шпионирање“ на нивната селекција од страна на Бразил. Медиумите од Перу во својата вест објавуваат дека бразилската селекција со дрон ги шпионирала играчите на Перу.

„Ви давам збор дека такво нешто не се случило. Доколку стигнеме до тоа ниво, ќе се спакувам и ќе си одам дома.“ – кратко прокоментира бразилскиот селектор Тите.

Двете селекции по две одиграни кола имаат по четири освоени бода. Бразил и Перу играат вечерва со почеток во 21 часот.