Холандскиот фудбалски шампион Ајакс успеа да го продолжи договорот со бразилскиот фудбалер Давид Нерес по што играчот во Амстердан ќе остане до 2023 година.

Тој потпиша нов четиригодишен договор со Ајакс иако имаше понуди и од неколку други европски клубови.

Холандскиот шампион досега го напуштија Френки де Јонг и Матијс де Лихт, но раководството на клубот успеа да задржи голем дел од генерацијата која ја освои двојната круна во Холандија, но и стигна до полуфиналето во Лигата на шампионите.

Да подсетиме нови договори со Ајакс потпишаа Зијеш и Тадиќ, а според информациите Дони ван де Бек ќе биде следниот фудбалер кој ќе го продолжи договорот со Ајакс иако беше пред трансфер во Реал Мадрид.