Македонскиот фудбалски прволигаш, Работнички го потврди трансферот на Јаго Силва Гомес. Напаѓачот кој добро се снаоѓа на и позицијата десно крило, има 26 години, доаѓа од Адмасененсес а во кариерата има настапувано за повеќе тимови од Бразил и од Португалија.

„Јаго Гомес пристигна во Скопје и веќе му се стави на располагање на шефот на стручниот штаб Александар Влахо во тренажниот процес. Доаѓа од португалскиот третолигаш Армасененсес, каде минатата сезона одиграл 35 натпревари и постигнал 11 гола. Младинските категории ги минал во школата на Фламенго, а потоа кариерата ја гради во Португалија, во клубовите Фаренсе, Лулетано, Лагоа, Фаро, Луситано и Армасененсес.“. информираат од ФК Работнички.

Гомес потпиша едногодишен договор со Работнички со можност за продолжување на соработката за уште една сезона.