Kаталонскиот весник „Спорт“ од свои извори тврди дека бразилскиот фудбалер Нејмар веќе се преселил во Барселона и не сака да се врати во Париз, па дури на тренерот Томас Тухел и спортскиот сектор им порачал дека нема намера да дојде на почетокот на подготовките за новата сезона.

Нејмар сега буквално ја моли управата на шпанската Барселона посериозно да влезе во преговорите за да се договорат околу неговиот трансфер во шпанскиот шампион.

Бразилецот дури се согласил да дојде во Барселона за помала плата од 24 милиони евра наспроти 36-те што ги има во Париз, да ја повлече тужбата за неисплатен бонус и да ѝ се извини на Барса со јавно признание дека згрешил што си заминал во август 2017 година.

Сега наводно, од таборот на Нејмар го ангажирале и Пини Захави, еден од најмоќните светски менаџери за да посредува во трансферот, но прашање е дали Барселона и ПСЖ ќе најдат заеднички јазик.

Барселона во преговорите понудила 100 милиони евра плус Фелипе Кутињо, но првиот човек на парижаните Насер Ал Келаифи бара чисти 200 милиони евра само во пари.

Дури и Ал Келаифи се обидува по секоја цена да го попречи враќањето на Нејмар во Барселона, сооглед на затегнатите односи со Каталонците, кои кулминираа со Рабио и наводното врбување од Каталонија за тој да не го продолжи договорот, иако на крај францускиот фудбалер заврши како слободен играч во Јувентус.