Екипата на Шкупи денеска го презентираше најновото засилување Владица Брдаровски .

Брдаровски доаѓа во Шкупи од редовите на косовскиот тим ФК Дрита, каде минатата сезона, забележа 22 настапи. Тој на 22 години дебитираше со дресот на репрезентатацијата на Македонија.

„По една година се враќам во првата фудбалска лига и морам да кажам дека сум многу среќен. По многу разговори, успеавме да потпишеме едногодишен договор, бидејќи моите и амбициите на клубот се големи и заедно ќе се бориме за титулата и други успеси“, вели Брдаровски на промоцијата.

Екипата на Шкупи ова лето донесе голем број на нови фудбалери а Брдаровски е најновиот член на тимот од Чаир кој претендира борба за шампионскиот наслов.