Штипска Брегалница се пласираше во 1/16 финалето од Купот на Македонија откако попладнево го победи тимот на Ново Црнилиште со 22:0.

По првото полувреме, Брегалница водеше со 6:0. Ново Црнилиште се натпреварува во општинска лига во Прилеп а денешниот резултат е нов рекорд во домашниот фудбал.

Предходно за најефикасниот натпревар важеше оној на Вардар и Рудар кога црвено-црните славеа со 16:1 во воведното коло од националниот Куп.