Кратко траеше соработката меѓу Бреша и Марио Балотели, клубот потврди дека повеќе не смета на напаѓот кој го напушта клубот.

Балотели ја засили Бреша оваа сезона, настапи на 19 средби и постигна 5 гола, претседателот на клубот, Масим Челино потврди дека разделбата е неминовна.

„Не знам што да кажам, не сакам да превземам ништо од правен аспект против Балотели, тој не сака да тренира со првиот тим, работи индивидуално, тој повеќе не е наш играч. Договорот со него е таков доколку испаднеме во серија Б, Балотели ќе биде слободен играч, тоа е можно сценарио, во секој случај тој ќе го напушти клубот, ние сме разочарани од него“ – изјави Челино.

Балотели има понуди од Бразил, можно тоа да биде негова следна дестинација во кариерата во која настапи во 8 различни клуба.