Бреша е готова во летниот преоден рок да го продаде својот играч за врска, Сандро Тонали, ако некој испрати понуда од најмалку 60 милиони евра.

Според информацијата на Calciomercato, претседателот на Бреша, Масимо Челино, веќе ги информираше раководствата на Јувентус и на Интер, кои се заинтересирани за 19-годишниот Тонали, за барањата на Бреша.

За овој млад фудбалер се заинтересирани и Наполи и Милан, но овие два клуба засега не презедоа активни чекори за купувањето на Тонали.

Тонали за Бреша оваа сезона има одиграно 23 средби и има  постигнато 1 гол и забележано и 4 асистенции. Оваа сезона тој дебитираше и во репрезентацијата на Италија, на мечот против Лихтенштајн.

Според порталот Transfermarkt.com, вредноста на Тонали е 30 милиони евра.