Марио Балотели повеќе не е дел од тимот на Бреша, пренесува „Газета Дело Спорт“. Контроверзниот напаѓач не се појавил на неколку тренинзи и поради ова сопственикот на клубот Масимо Селино му соопштил дека неговиот договор ќе биде раскинат.

Балотели имаше договор со Бреша до јуни 2022 година со клаузула за прекин на соработката во случај клубот да испадне во Серија Б.

Балотели постигна 5 гола на 19 натпревари за Бреша оваа сезона во Серија А. По дозволата за тренинг по паузата поради Ковид-19, Супер Марио нарушил неколку правила на клубот и поради ова сега може слободно да си бара нов тим.