Претседателот на Бреша, Масимо Селино откри дека пред пандемијата со Ковид-19 до него пристигнала понуда од Барселона за трансфер на младиот плејмејкер Сандро Тонали.

„Едноставно има играчи коиги сакам и не сакам да ги продадам. Пред Ковид-19, Барселона ни понуди 65 милиони евра и двајца интересни фудбалери кои чинеа по 7.5 милиони евра, еден од нив беше офанзивен бек. Од ПСЖ исто така бевме исконтактирани, и тие го сакаат Тонали но тој воопшто не сака да се пресели во Фрацнија.“ – изјави Селино

Тонали е трансфер цел на многу клубови од Европа а според медиумите во Италија, најголеми шанси за негов ангажмат имаат Интер и Јувентус.