Главна тема во фудбалскиот свет од вчера е Кристијан Ериксен, кој колабираше на терен пред крајот на полувремето на мечот меѓу неговата Данска и Финска, а потоа неговото реанимирање траеше десетина минути на теренот. За среќа подцна стигнаа информации дека неговата состојба е стабилизирана.

Кардиологот од универзитетот Сент Џорџ во Лондон Санџај Шарма вели дека причина за срцевиот застој би можело да биде недефинирана здравствена состојка или висока температура, но добар знак е што тој е буден во болница.

„Фактот дека е стабилен и будеn е одличен. Не знам дали ќе игра фудбал некогаш повторно. Да не кажам премногу отворено, тој почина денеска. Иако на неколку минути, но почина и дали лекарите ќе му дозволат да почине повторно? Одговорот е не“- јасен е Шарма.