УЕФА во вторник треба да донесе конечна одлука за судбината на ЕУРО 2020.

Но, информациите не се оптимистички, а за тоа зборува и изјавата на Евелин Кристилин од Сојузот на ФИФА и членка на Извршниот одбор на УЕФА.

Не зборувам во име на другите членови на Извршниот комитет, но сметам дека треба да се остави простор и време да завршат националните првенства, а тоа значи одложување на првенството за следното лето, за што и ќе разговараме во вторник“.

Но, британски Telegraf, под назнака ексклузивно, објави дека ЕУРО ќе се игра оваа година и тоа во декември.

Наводно, планот на УЕФА е најпрво во лето да завршат националните првенства, ако до тогаш се сузбие епидемијата на Коронавирус, а потоа на крајот на годината да се одржи ЕУРО.

Секако, не е далеку и решението ЕУРО да не се одржи оваа година и да се префрли во 2021 година.

Во секој случај, се ќе биде појасно во вторник.