Атлетик Билбао ја шокираше Барселона на стартот од новата сезона во „Ла Лига“ со победа 1-0 и отвори многу дилеми кај каталонците.

Барселона одигра под  своето ниво, целиот тим потфрли но бројките кажуваат дека без Меси  кој е повреден, екипата тешко доаѓа до победи.

На последните шест меча без Меси во составот, Барселона е просечен тим, има два порази и четири нерешени средби.