Фудбалската селекција на Шведска го освои третото место на Светското Првенство за жени што се одржува во Франција, откако во утешното финале ја победи Англија со 2-1.

Швеѓанките поведоа со 2-0 со головите на Асилани и Јакобсон. Англичанките намалија преку Кирби во 31. минута.До крајот на мечот резултатот остана ист како по првите 45 минути,по што Шведска дојде до бронзеното одличје од женскиот фудбалски Мундијал.

Во големото финале во недела ќе се сретнат селекциите на САД и на Холандија.