Интер има неверојатно добра понуда за Марсело Брозовиќ од Реал Мадрид, ова го тврди „La Repubblica“ според која преговорите се започнати.

Брозовиќ има 27 години, на негов потпис инсистира Зинедин Зидан кој е воодушевен од играта на репрезентативецот на Хрватска.

Сепак Интер сака да ја зголеми цената на Хрватот  и му понуди нов догвор за да се заштити во преговорите иако има договор со Брозовиќ уште две ипол години.

Сепак потегот на Интер тврди „La Repubblica“ најавува дека клубот од Милано е подготвен да го пушти Хрватот но за сума не помала од 70 милиони евра.