Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш откри дека за него минатото лето бил заинтересиран Тотенхем, но до премин во Лондон не дојде поради висината на неговата откупна клаузула.

Португалецот зимава присигна во Јунајтед од Спортинг Лисабон за 55.милиони евра, а многу лесно може да се случи минатото лето тој да пристигне во „Спурс“ за 75.милиони евра.

„Тотенхем беше блиску да ме доведе минатото лето, но сумата која ја бараше Спортинг беше причина што тој трансфер не се реализира. После тоа се појави Јунајтед, понуда која не можев да ја одбијам ни јас, а ни Спортинг. Тое е клубот од моите соништа во Англија“- изјави Бруно.