Играчот за врска на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш, е избран за најдобар фудбалер на Премиер лигата во февруари, се пофали официјалниот твитер-профил на клубот.

Во февруари Фернандеш одигра три средби и постигна еден гол, комбиниран со две асистенции.

Овој 25-годишен Португалец во Манчестер Јунајтед дојде овој јануари и веќе стана лидер во нападот. Вкупно тој одигра 8 средби и има ефект од 3 гола и 3 асистенции.