Според информацијата на АНСА, Италијанската фудбалска федерација отвори итна истрага против претседателот на Интер, Стивен Жанг, поради навредата упатена до раководителот на Серија „А“, Паоло Дал Пино на својот инстаграм профил.

Истрага отвори Дисциплинската комисија при Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ), предводена од Џузепе Кине,

Според АНСА, Интер го брани својот претседател, тврдејќи дека неговите зборови всушност беа апел до Серија „А“, со кои се бараше максимална заштита на јавното здравје на целата заедница, на навивачите кои ги исполнуваат стадионите, службите, медиумите и сите што се вклучени во процесот.

И покрај тоа, наскоро се очекува санкција за Стивен Жанг.