Легендарниот голман на Јувентус, Џиџи Буфон ако настапи денеска за „старата дама“ на мечот со Верона ќе го запише 902 настап во калчото, со тоа ќе го израмни рекордот на Паоло Малдини од Милан.

Буфон со Парма и Јувентус има вкупно 901 настап во најсилната фудбалска конкуренција во Италија, вечерва ако настапи против Верона во Торино ќе го стигне легендарниот дефанзивец на Милан,Паоло Малдини кој целата своја кариера играше за клубот од Милано.

Џиџи има 41 година, кај ПСЖ се задржа кратко, една сезона се врати во Јувентус, вели дека треба да работи двојкно повеќе ако сака да биде во форма со оглед на фактот дека е во поодминати фудбалски години.