Џанлуиџи Буфон во следнава сезона одново ќе го гледаме во дресот на Јувентус. Тој по заминувањето од ПСЖ се врати во Торино каде за една година ќе заработи 1,5 милиони евра.

Голманот добил понуди од двата клуба од Манчестер кои биде подготвени да му дадат двојно поголема годишна плата. Ова се покажало како неважно во носењето на одлуката на Буфон повторно да брани за „Старата Дама“.

Буфон минатата сезона играше на 17 натпревари за ПСЖ а во Јувентус доаѓа како прва замена на Шчешни.