Легендарниот голман на Јувентус, Џанлуиџи Буфон во интервју за „Газера дело Спорт“ говорел за своите спотски идоли, а можноста ја искористил да ги спореди Кристијано Роналдо и Лионел Меси со Роџер Федерер и Рафаел Надал.

„Федерер е безвременска класа и совршенство, додека Надал е неверојатен борец. Секако, и тој е голем талент, но до врвот присгна благодарение на силно залагање и постојана желба да биде се подобар. Би ги споредил нив двајца со Меси и Роналдо. За мене Федерер е како Лео, а Рафа како Кристијано.“ – вели Буфон.

Буфон вечерва се очекува да биде на голот на „Старата Дама“ во дербито со Интер.