Легендарниот голман Џиџи Буфон, на вчерашниот натпревар го запиша 654 настап, по средбата со Кротоне ја коментираше ситуацијата на табелата.

Буфон смета дека Интер покажал и потврдил дека има квалитет, тоа не е изненадување, има квалитет речиси ист како и на Јувентус.

„Интер не е изненадување сезонава, ја потврди својата класа, тие имаат квалитетен тим, речиси идентичен како нашиот“ – изјави Буфон.

Буфон сезонава има 10 настапи за Јувентус во сите натпреварувања, на шест средби не прими гол.