Џанлуиџи Буфон има реална можност и во следната сезона да биде дел од тим кој се натпреварува во Лигата на шампионите. По раскинот на договорот со ПСЖ, легендарниот италијански голман сеуште нема одлучено каде ќе ја продолжи кариерата.

Угледниот италијански новинар, Џанлука Ди Марко тврди дека Аталанта и Порто веќе се во преговори со агентот на Буфон за двегодишен договор но постојат и други клубови кои се заинтересирани за неговите услуги.

Парма, екипата во која Буфон бранеше на почетокот од блескавата кариерата исто така сака да го има на својот гол. Интерес за Буфон постои и од клубови од Англија но засега нема потврда за преговори или пак за договор за ангажман.