Џиџи Буфон го чуваше голот на Јувентус против Милан на првиот полуфинален меч во Купот на Италија, средбата заврши без победник благодарение на голот на Роналдо од пенал.

Легендата на Јувентус, Буфон, смета дека постарите играчи се уште ја прават разликата на теренот.

„Причината поради која играм и на 42 години е тоа што верувам дека можам да настапувам на највисоко ниво. Роналдо и Ибрахимовиќ исто така покажуваат дека годините не се важни ако сте посветени на спортот, на себе“ – изјави за „Rai Sport“ Буфон по мечот со Милан.