Џанлуиџи Буфон на крајот од оваа сезона се враќа во Јувентус. Ова го потврди 43 годишниот голман и легенда на клубов, но притоа одби да потврди дека ја завршува кариерата.

Бугон во Јувентус се врати во јули 2019-та година по една сезона мината во ПСЖ. Кариерата ја започна во Парма во 1995 година, а од 2001 година бранеше за најтрофејниот италијански клуб со кој има договор до крајот на оваа сезона. Кога истиот ќе истече тој ќе го напушти клубот и тимот каде долги години беше капитен и заштитно лице.

„Мојата иднина е јасна и дефинирина. Прекрасната и долга врска со Јувентус дефинитивно ќе дојде до својот крај со крајот на сезоната. Или ќе престанам да играм или ќе размислам за опција која ме мотивира да понатамошни настапи или ќе се свртам кон поразличен живот. Чувстувам дека му дадов се на Јувентус. И добив многу од него, па тука веќе не може ништо да се направи. Стигнавме до крајот на овој пат“- вели Буфон.

Буфон со Јувентус освои 10 титулу во Калчото и 21 титула вкупно. Три пати беше спречен да освои Лига на шампиони во финалето.