Голманот на Јувентус, Џанлуиџи Буфон посакува да нема нова промена на кормилото воедно давајќи му подршка на Сари по шпекулациите дека Гвардиола ќе дојде во Торино.

Според Буфон, трката за титулата во Серија А е израмнета а вистинската опасност доаѓа од Рим, во случај Интер да стигне далеку оваа сезона во Лига Европа.

„Кога ќе ја промениш „кожата“ потребно е време за вообичаениот процес за напредок. Правилно беше да се направи промената (Алегри-Сари) ако сакате да дојдете до поинакви резултати. Ако Интер продолжи во Лига Европа со настапите, мислам дека најголемата опасност по нас доаѓа од Лацио. Да играш само во недела е голема предност. Се надемва дека Сари ќе остане во Јувентус, тоа ќе значи дека сме освоиле нешто. Што се однесува до мојот договор, тој е до јуни, не знам дали ќе играм послет тоа, ќе видиме.“ – изјави Буфон

Јувентус утре ќе му гостува на Спал во натпревар од 25 коло од Серија А, Лацио одио кај Џенова а Интер ќе ја дочека Сампдорија.