Легендата на италијански фудбал и торински Јувентус, Џанлуиџи Буфон, по една сезона мината во францускиот ПСЖ, ќе се врати во клубот каде мина цели 17 години.

Како што јавува еден од најпознатите новинари во Италија Џанлука Ди Марзио на неговата веб-страница, 41-годишниот Буфон се согласил на едногодишен договор со клубот од Торино, каде потоа ќе стане дел од стручниот штаб на италијанскиот фудбалски шампион.

Буфон на голот на Јувентус бранеше 17 сезони, од 2001 до 2018 година запиша зад своето име 656 настапи.