Џиџи Буфон има 42 години, добива минутажа во Јувентус како втор голман, неговиот менаџер Силвано Мартина објави дека легендата сеуште размислува дали да го продолжи договорот.

Мартина за „Tuttomercatoweb“ потенцираше дека Буфон сака да игра но има и дилеми.

„Буфон се чуствува добро, годините не се важни, тој има желба да игра, не сме разговарале за детали, но во блиска иднина ќе донесеме одлука“ – изјави менаџерот на Буфон.

Буфон сезонава настапи на 11 средби, на сите беше стартер, одигра 990 минути.