Европската куќа на фудбалот ги изречи казните за селекциите на Бугарија и Англија кои во контраверзен меч  поради  домашните навивачи беа во центарот на Европската јавност минатиот месец.

УЕФА ја казни Бугарија поради расизмот на своите навивачи со тоа што следниот натпревар на домашен терен против Чешка, Бугарите ќе го играат пред празни трибини.

Исто така на Бугарија и е изречена и услувна казна, според која ако се случи ист инцидент во следните две години, ќе биде казнета селекцијата со исфрлање од мечевите кои се под капата на УЕФА. Бугарската федерација ќе треба да плати и 85 илјади евра.

Англија е казнета со 5.000 евра поради несоодветно однесување за време на интонирањето на бугарската химна.