Премиерот на Бугарија, Бојко Борисов побара претседателот на фудбалската федерација Борислав Михајлов да поднесе оставка по скандалот на мечот со Англија, желбата на премиерот веднаш беше исполнета.

УЕФА и ФИФА не дозволуваат мешање на политиката во фудбалот, тоа директно се случи во Бугарија која сега ризикува сериозни санкции па и суспензија од Европската и Светската куќа на фудбалот.

Борисов беше незадоволен од работата на претседателот на фудбалската федерација, ултимативно побара оствка која следуваше неколку часа по барањето на премиерот на Бугарија.

Призовавам Борислав Михайлов незабавно да си подаде оставката като президент на Българския футболен съюз! След…

Gepostet von Boyko Borissov am Dienstag, 15. Oktober 2019

Ова претставува директно мешање на извршната власт во работата на фудбалската федерација, од УЕФА и ФИФА засега нема реакција но според праксата никогаш овие две спорски асоцијации не избрзуваат со соопштенија и одлуки прво истражуваат.

Бугарските медиуми шпекулираат дека се подготвува остра реакција од УЕФА која покрена дисциплинска постапка против ФФ на Бугарија која е  е обивнета за расизам, на средбата со Англија навивачите на оваа земја недолично се однесуваа и ги навредуваа играчите на „Гордиот Албион“.