Поранешниот бугарски репрезентативец Иво Георгијев пред неколку дена изнесе низа обвинувања за местење натпревар од последното коло во фазата по групи на Европското првенство во 1996 година меѓу Шпанија и Романија.

Пред последното коло само победа ги водеше Шпанците во елиминациите заедно со Франција. Во случај на било кој друг резултат Бугарија би отишла во четврфиналето како второпласирана. На крајот Шпанија победи со 2:1, а победничкиот гол за Црвената фурија го постигна Амор во 84-тата минута.

„Наш проблем беше тоа што Романија им помогна на Шпанците. Ги пуштија да постигнат втор гол. Ви кажувам, тоа е вистината“– кажа Гоергијев во интервју за Спорт.бг и додаде:

„Погледнете што правеа романските дефанзивци на мечот против Шпанија во последните минути, намерно ги пуштија до постигнат гол“- вели поранешниот бугарски напаѓач.

Во полемиката се вклучи и легендарниот романски напаѓач Флорин Радучиоу, кој се сложи со изјавите на својот бугарски колега и потврди дека завршницата била чудна.

„Сега кога го велите тоа, ми дадовте шанса да размислувам. Ми се чинеше дека нашата одбрана беше потполно дезориентирана и да дека не знаеја кого да чуваат. Тешко ми е да кажам дека било наместено, но факт е дека соиграчите не беа внимателни“– вели Романецот, кој е прв фудбалер во историјата кој заиграл во сите лиги од големата петка.

Уште еден член на таа романска репрезентација, поранешниот напаѓач на Тотенхем и Севиља, Илие Димитреску исто така изрази свое мислење за овој контроверзен натпревар.

„Не верувам во оваа хипотеза. Ние тогаш и математички испаднавме и сите чекавме турнирот да заврши и да одиме на одмор“