Фудбалскара федерација на Романија во консултација со здравствените власи и со комисијата за организација на ЕУРО 2020 побара дозвола за двојно повеќе гледачи на натпреварите кои треба да се играат на „Националната Арена“ во Букурешт.

Според првичната дозвола, во Букурешт во живо натпреварите од групната фаза и едно од осминафиналињата треба да може да го гледаат 12 300 гледачи.

Ова моќе да се примени откако домаќинот верува дека може да прими околу 25 000 фанови и со помош на протокол да гарантира безбедност по однос на Ковид-19.

Неофицијално до среда УЕФА ќе даде одговор по однос на ова барање на Романците.

Македонија воведните два натпревари од групната фаза на ЕП против Австрија и против Украина ќе ги игра на „Националната Арена“ во Букурешт.