Официјалниот сајт на најсилната фудбалска лига на Германија го издвои Дарко Чурлинов меѓу најталентираните млади играчи.

Според „bundesliga.com“ македонскиот сениорски фудбалски репрезентативец има светла иднина во дресот на Келн, каде оваа сезона се очекува да добие шанса за деби во елитата на Германија.

Чурлинов ова лето беше прекомандуван во сениорската екипа на Келн. За време на подготовките доби солидна минутажа на сите пријателски средби а довербата ја оправда со четири гола.

Во меѓувреме турските медиуми тврдат дека Фенербахче во Чурлинов гледа замена за Елиф Елмас, а постои интерес и од Бешикташ.